dm заедништво
Одржливи решенија за пакување: проверка на фактите
време за читање: мин
Митови за амбалажата

Одржливи решенија за пакување: проверка на фактите

Хартија, стакло или сепак (рециклирана) пластика? Секој материјал за пакување има свои предности и недостатоци, околу кои се создадени и некои митови. Иако најодржливо решение би било целосно откажување од пакување, тоа сепак ој игра важна улога во обезбедување безбеден транспорт на производите. Во dm сакаме, секаде каде што е можно, да заштедиме на или да ја намалиме амбалажата и истовремено да воведеме одржливи решенија за пакување. Во „Амбалажа: митови наспроти факти“, dm претставува зошто пластиката може да биде подобра отколку моменталната лоша репутација што ја има и зошто стаклото не е секогаш најодржливата варијанта.

Пластика vs. Хартија

Хартија наместо пластика? Без оглед дали во продавница или при онлајн испорака, сè повеќе еднократна пластична амбалажа и материјали за пакување се заменуваат со хартија или картон. Ова честопати, но не секогаш, е поеколошката алтернатива. Дрвјата се обновлив и затоа одржлив извор на суровини, но производството на хартија троши голема количина енергија и вода.
Пластиката бара помалку енергија за да се произведе и е полесна, што пак заштедува CO₂ при транспортот. Ако се користи рециклирана пластична амбалажа и таа потоа пак се рециклира, тоа дефинитивно е поодржлива алтернатива. Сепак, и кај користењето хартија и картон постојат поеколошки методи: ако се заменат новите дрвна влакна со рециклирана хартија, амбалажата станува значително поодржлива.

Сепак, некои производи, како што е храната, мораат да бидат особено добро заштитени, и тука пластичната амбалажа е подобар избор од неколку причини: од рециклирана хартија може да се ослободат штетни супстанции кои би навлегле во производот. Пластиката подобро ги штити хранливите продукти од надворешни влијанија, што го продолжува рокот на траење. Исто така, се користи помалку материјал за пакување. Можноста за производство на поеколошки пакувања за полнење, како што се шишиња или тенки кеси за полнење од пластика, е уште една предност на овој материјал.

Пластика и хартија vs. стакло

Стаклото често се наведува како одржлива алтернатива на пластиката или хартијата. Стаклото генерално е секогаш рециклирано и издржува многу високи температури, што го прави особено погодно за полнење на топли прехранбени производи – тоа е предноста на овој материјал.

Од друга страна, неговата голема тежина и еднократната употреба кај некои производи се негативни страни. Исто така, при транспорт на тркалезна стаклена амбалажа останува многу празен простор, што негативно влијае на еколошкиот отпечаток.

Митови за амбалажа: заклучок

Приоритетната употреба на рециклиран материјал во амбалажата се утврди како клучен дел од стратегијата за одржливост на dm,. Кога се бараат еколошки решенија, оние направени од рециклирани материјали или со висок удел на рециклат се добар избор. Кај dm брендови уделот на рециклиран материјал веќе надминува 40 проценти, а целта е континуирано зголемување за наскоро да се надмине границата од 50 проценти.

Во dm ние сме посветени секогаш да испитаме кое пакување, во зависност од групата на производи, е најодржлива, но и најефикасна и најбезбедна опција. Кај dm брендови најчесто се користат и се рециклираат материјалите од пластика и картон. Истовремено, се стремиме да ја намалиме употребата на материјали секогаш кога е можно, на пример преку намалување на дебелината на ѕидовите кај тубите за креми за раце и лице на dm брендовите.

Во однос на потрошувачката на ресурси, рециклираната пластика е на врвот при проверката на фактите. Доколку амбалажата правилно се врати во кругот на рециклирање, пластичната амбалажа може да биде поодржлива алтернатива. Кај хартиената и картонската амбалажа, оние со висок удел на рециклирана хартија се поеколошкиот избор.