dm заедништво
dm ги идентификува клучните теми за одржливост
време за читање: мин
Анализа на материјалност

dm ги идентификува клучните теми за одржливост

Одржливоста – или „способноста за иднината“, како што ја нарекуваме во dm – е составен дел од корпоративната стратегија на dm drogerie markt. Во деловната година 2023/24, претходно изработената анализа на материјалноста (суштинските аспекти) од страна на dm Германија беше ревидирана – во согласност со новите барања на Европските стандарди за извештаи за одржливост (ESRS), и за првпат со вклучување на сите 14 земји членки во Групацијата dm. Притоа, фокусот е јасно ставен на таканаречената двојна материјалност. Но, што точно значи тоа – и кои теми се од особено значење за dm?

Што е анализа на материјалноста

Анализата на материјалноста (суштинските аспекти) им помага на компаниите да ги идентификуваат релевантните теми поврзани со одржливоста – односно темите што се навистина суштински, и за самата компанија и за животната средина и општеството. Оваа анализа претставува основа за транспарентна, структурирана и ефективна стратегија за одржливост.

Едноставна vs. Двојна: Разликата во пристапите кон материјалност

Едноставна материјалност:
Се разгледува само перспективата „одвнатре-нанадвор“ – односно влијанијата што една компанија ги има врз животната средина и општеството преку своето деловно работење. Оваа перспектива долго време беше стандард во известувањето за одржливост.

Двојна материјалност:
Проширениот пристап дополнително ја вклучува и перспективата „однатре кон надвор - однадвор кон внатре“. Тоа значи дека dm анализира и како еколошките, социјалните и економските промени влијаат врз самата компанија – на пример, преку климатски ризици, регулаторни промени или општествени трансформации.

Двојната материјалност е основна компонента на ESRS и ќе биде задолжителна за многу компании во ЕУ во иднина.

Како dm ја спроведува анализата на двојната материјалност

За ажурираната анализа на материјалноста за деловната година 2023/24, dm презеде обемни чекори:

Сеопфатен пристап:
Освен сопственото деловно подрачје, беа анализирани и претходните и последователните делови од синџирот на вредност.

Квантитативна проценка:
Влијанијата, ризиците и можностите беа оценети според скала од 1 до 5 – според обемот, веројатноста на појава, досегот и можноста за повратна промена.

Вклучување на сите делови од компанијата:
Директно беа вклучени вработени од сите земји во кои е присутен dm, како и одделот за интегритет и управување со ризици.

Потврда од засегнатите страни:
Резултатите од анкетата спроведена во деловната година 2021/22 беа повторно разгледани и земени предвид.

Усогласување со ревизорите:
Конечната потврда беше дадена по презентацијата на резултатите пред управниот одбор во летото 2024 година.


Суштинските теми во dm

Врз основа на анализата на двојната материјалност беа идентификувани и повторно групирани клучните теми за Групацијата dm. Некои теми останаа непроменети, додека други беа додадени поради новите регулаторни барања. Овие теми кореспондираат со генераторот на идната одржливост и се ориентирани според тематските ESRS-стандарди. Тие претставуваат основа за стратегиите, целите и мерките во рамките на нашата економска заедница.

JСекоја тема е поткрепена со подстратегии и мерливи цели. Во годишниот процес на поставување цели и планирање, управниот одбор ги проверува постигнувањата и, доколку е потребно, врши прилагодувања.


  • Корпоративна филозофија
  • Купувачи
  • Клима и енергија
  • Заштита на ресурсите и циркуларна економија
  • Биодиверзитет
  • Водени ресурси
  • Минимално влијание врз животната средина
  • Динамична деловна заедница
  • Вработени во синџирите на вредности
  • Општествено одговорно делување

Заклучок

Со анализата на двојната материјалност, dm поставува основа за одговорно корпоративно управување ориентирано кон иднината – транспарентно, базирано на факти и во дијалог со сите релевантни засегнати страни. Интеграцијата на оваа анализа во севкупната стратегија покажува дека одржливоста во dm не е само замислена, туку и се практикува.