dm заедништво
Биодиверзитет за здрава планета
време за читање: мин
Биолошка разновидност

Биодиверзитет за здрава планета

Недопрените екосистеми се неопходни за чиста вода, свеж воздух и плодна почва – а со тоа и за заштита на животната средина и економијата. Заштитата на биодиверзитетот е клучна за одржување на еколошката рамнотежа и обезбедување на нашето снабдување со храна, медицинските ресурси и регулирањето на климата. dm drogerie markt е посветена на минимизирање на негативните влијанија што ги има врз биодиверзитетот и активно придонесува кон заштитата на разновидноста на видовите.

Стабилни синџири на снабдување и одржливи иновации

Со намалувањето на биодиверзитетот се зголемуваат долгорочните ризиците од прекини во синџирот на снабдување, зголемување на цените при купување и губење на иновативни извори на суровини. Затоа, заедно со нашите партнери, се залагаме за заштита на локалниот биодиверзитет – нешто што е вградено во Кодексот за одржливост.

Стратешкиот фокус на dm е насочен кон избегнување на употребата на примарни ресурси. Со помош на разни мерки за заштита на биодиверзитетот и со доследна примена на циркуларната економија, ние во dm се стремиме да станеме помалку зависни од критичните суровини и да развиваме еколошки производи што ја штитат природата, а воедно го промовираат биодиверзитетот.

Избегнување на употреба на примарни ресурси

DПреку користење на рециклирани материјали, dm ја намалува зависноста од примарни суровини и активно ја поддржува циркуларната економија (ЛИНК). Зголемено рециклирање во асортиманот на производи и во опремување на продавниците, користењето на индустриските секундарни струи и производи пријателски настроени кон климата помагаат за намалување на еколошкиот отпечаток и заштита на биодиверзитетот

Минимизирање на негативни влијанија, зачувување на разновидноста

Заштитата на биодиверзитетот е составен дел од Кодексот за одржливост за производствените партнери на dm брендовите. Критичните суровини потекнуваат исклучиво од одржливо управување, а уделот на органски сертифицирани производи од брендот dm постојано се зголемува. Покрај тоа, dm ги минимизира влијанијата врз животната средина преку цветни ленти, зелени покриви на зградите и др. Исто така, треба да се намали и светлосното загадување предизвикано од продавниците на dm и центрите за дистрибуција – за поголема разновидност на видовите и еколошки вредните живеалишта за инсекти.


Создавање нови живеалишта

Ние ја поддржуваме ренатурализацијата и создавањето нови екосистеми: Во 2023 година беа инвестирани повеќе од три милиони евра во проекти за ренатурализација. На тој начин деградираните површини, како што се поранешни рударски области, треба да се претворат во нови живеалишта за растенија и животни. Целта е на најдобар можен начин да се неутрализираат влијанијата што производството и деловните процеси ги имаат врз животната средина. Со оваа, dm активно ја поддржува заштитата на биолошката разновидност и промовира одржливи живеалишта за растенијата и животните.

Како градините стануваат природни резервати

За да се зачува локалниот биодиверзитет, dm Австрија се фокусира на проекти каде што секој мал зелен простор се користи за заштита на видовите. Ова е и визијата на проектот Nationalpark Garten на австриската еколошка организација GLOBAL 2000. Иницијативата повикува на трансформирање на колку што е можно повеќе слободни простори, од балкони, домашни градини или неискористени зелени површини пред куќите во цветни и живи засолништа за пчели, пеперутки и други инсекти. За да се поддржи биодиверзитетот во секојдневниот живот, важно е да се избегнуваат пестициди, да не се користи вештачко ѓубриво, да се избере правилна почва и да се садат автохтони растенија.

Ако сакате да го заштитите биодиверзитетот, мора да започнете рано: Со целогодишната образовна програма AckerRacker (https://www.dm.at/ unternehmen/verantwortung/umwelt-und-ressourcen/ackerracker-1849264) децата од градинките на разигран начин учат колку е вредна нашата природа – од каде всушност доаѓа храната и зошто е важна биолошката разновидност, здравите почви и одржливата исхрана. На неколку градинки во Австрија dm им овозможува да учествуваат во оваа повеќекратно наградувана програма. На тој начин, едукацијата за заштита на животната средина станува достапна и кај следните генерации уште од мали нозе се буди свеста за заштита на природата.