dm заедништво
ИДНИНА КОЈА ИНСПИРИРА

Често поставувани прашања

Каде и од кога може да најдам информации за иницијативата „Иднина која инспирира“?

Сите информации во врска со иницијативата, текот и условите за учество, како и линкот за формуларот за поднесување може да ги најдете на : www.dm-idninakojainspirira.mk

До кога може да се пријавам ?

Пријавувањето трае до 14.8.2026 година. По рокот, формуларот за пријавување ќе биде затворен и нема да биде можно дополнително да се пријавите

Каде и кога ќе бидат објавени информациите?


Информации за пријавувањето ќе бидат објавени на: www.dm-idninakojainspirira.mk.
Сите пријавени ангажмани што се вклопуваат во иницијативата „Иднина која инспирира“ и кои ги исполнуваат нашите услови за учество и критериуми за проекти, по кратка формална проверка, ќе бидат јавно прикажани на нашата платформа за учество. По потреба, dm ќе известува за поединечни ангажмани и во брошури, на социјалните мрежи или преку други канали


Каде може да се обратам за дополнителни прашања?

За дополнителни прашања, ве молиме обратете се на zaedno@dm.mk

Често поставувани прашања ‒ граѓански ангажман

Кој може да поднесе општествено одговорни ангажмани?

Сите лица што се ангажирани за нашата иднина срдечно се поканети да го споделат својот личен граѓански ангажман.

​Каков вид ангажмани се бараат?

Бараме лични граѓански ангажмани што придонесуваат за подобрување на актуелните општествени прашања и предизвици.
Притоа, фокусот е на граѓанските ангажмани што:
• го подобруваат заедништвото и придонесуваат за поголема социјална блискост;
• се грижат за развојот и напредокот, особено во областа на еднаквост на можностите, интеграција и инклузија;
• придонесуваат за заштита на животната средина;
• општествено одговорните ангажмани може да бидат реализирани на територијата на целата земја;
• право на поднесување имаат само физички лица.

Како и каде може да го споделам мојот ангажман?

Споделете ги вашата лична приказна и вашето лично искуство на платформата на dm и пополнете го формуларот за пријавување директно на веб-страницата.

Зошто е важно да го споделам мојот општествено одговорен ангажман?

Со вашето пријавување, вашиот општествено одговорен ангажман ќе биде јавно достапен за сите и на тој начин ќе бидете инспирација и ќе ги мотивирате и другите да се вклучат и да се ангажираат во општествено одговорни ангажмани.

Може ли да пријавам повеќе ангажмани?

Слободно може да споделите повеќе ангажмани на платформата на dm.

Што е потребно за пријавувањето?

• Лични информации и податоци за контакт;
• Опис на личниот граѓански ангажман;
• Фотографии и/или видеа што го прикажуваат ангажманот (доколку се достапни).

Дали dm ги поддржува ангажманите?

Ангажманите не добиваат финансиска поддршка.

Најчесто поставувани прашања за пријава на проекти од страна на организации и институции

Кој може да поднесува општествено одговорни проекти?

Проекти можат да пријават сите организации, здруженија, институции и други регистрирани правни лица без оглед на основната дејност односно мисијата со која се основани и делуваат. Тоа подразбира регистрирани невладини организации, здруженија, установи како што се различни центри, домови, друштва и др., училишта, единици на управата (градови, општини) со седиште во Р. Северна Македонија. Трговски друштва, компании и организации што работат со цел остварување профит, како и организациите кои се поврзани со политички партии, немаат право да поднесат проект.

Зошто организациите и здруженијата треба да аплицираат за проект?

Проектите кои ќе бидат избрани ќе бидат поддржани и помогнати за нивна реализација од страна на дм дрогерие маркт дооел.

Како dm ќе ги поддржи избраните проекти?

Компанијата дм дрогерие маркт дооел ќе обезбеди поддршка на проектите исклучиво преку:
1. финансирање на производи од dm асортиманот;
2. финансирање на услуги и/или набавка на потребни материјали и опрема за реализација на проекти;
3. комбинација од претходните две ставки.
дм дрогерие маркт дооел нема да финансира волонтерски ангажман. Истото е задолжителен составен дел на реализацијата на проектот. Волонтерскиот ангажман во рамките на проектот е заснован на доброволна основа на учесниците и не подразбира хонорар.

Колку проекти ќе поддржи dm?

Бројот на проекти кои ќе бидат избрани за реализација не е однапред дефиниран. Минималниот и максималниот износ на поддршка на проектот не е однапред дефиниран. Истото ќе зависи од намената на проектот, одржливоста, корисноста и други фактори.
дм дрогерие маркт дооел ќе реализира минимум 3 проекти од пријавените, минимум по еден од наведените фокуси на делување (социјален, еколошки, развој и напредок)

Дали може да се поднесат повеќе проекти?

Можно е да се поднесат повеќе проекти, но тие мора да бидат независни еден од друг. За секој проект е потребно да се пополни нов формулар со целосната документација.

Како може да се аплицира за проект?

Платформата содржи формулар за апликација којa мора целосно да се пополни во рокот за аплицирање (2.3.2026-14.8.2026).
Апликацијата мора да биде пополнета на македонски јазик.

Што е потребно за да аплицирате за проект?

  • Детални информации за проектот.
  • Јасен и целосен опис на проектот.
  • Кон пријавата на проект задолжително е да се приложи детално разработен буџет потребен за реализација на проектот (во Word/Excel документ).
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци.
  • Фотографија (и лого доколку имате) од вашиот проект или организација.

Кога и каде ќе бидат објавени избраните проекти?

Проекти кои ќе бидат одбрани ќе бидат објавени до крајот на октомври 2026 година на веб-страницата www.dm-idninakojainspirira.mk и преку другите канали на dm.

Како ќе се избираат проектите што ќе бидат поддржани со донација?

Проектите што ќе бидат поддржани од страна на дм дрогерие маркт ќе бидат избрани од страна на стручното жири составено од надворешни експерти и dm.

На што обрнува внимание жирито при изборот на проектите?

  • Проектот да има долгорочно влијание.
    Проектот да иницира или да носи позитивни промени во општеството.
  • прописно пополнет онлајн формулар за пријавување преку платформата www.dm-idninakojainspirira.mk и доставување на бараната документација;
  • јасно дефинирани чекори на реализација на проектите;
  • јасно дефинирани и прецизно планирани трошоци на проектот и нивната намена;
  • одржливост на проектот и период на реализација;
  • проценка на корисноста на проектот за локалната/пошироката општествена заедница;