dm заедништво
иднина која инспирира

Правила и услови за пријава
на општествен ангажман на физички лица

I. Општо за кампањата Иднина која инспирира

Општествено одговорната кампања „Иднина која инспирира“ има за цел да го поддржи општествениот ангажман на граѓаните преку сопствен ангажман или во рамките на проект на здруженија, организации и институции. Кампањата се реализира на подрачјето на Р. Северна Македонија, а опфаќа општествен ангажман на граѓани и проекти на здруженија, организации и институции кои директно придонесуваат за развојот и напредокот на заедницата, општата заштита на животната средина и заедништвото и меѓусебната поддршка во рамките на заедницата.

II. Општо за правата и условите за учество

Пријавата на ангажман на www.dm-idninakojainspirira.mk бара согласност со овие услови и одредби. За пријавување ангажмани на физички лица во натамошниот текст се користи единствениот поим „Учество“.
Право на учество, пријава на личен општествено одговорен ангажман имаат физички лица на возраст 18 и повеќе години со постојано живеалиште во Република Северна Македонија. Ангажманите на физичките лица се исклучиво сопствени/лични ангажмани на подносителот на пријавата и не се однесуваат на ангажмани на трети лица. Во рамките на ангажманот на општествено одговорните/волонтерски ангажмани не се бараат донации ниту други видови финансиска поддршка. Физичките лица во натамошниот текст се означуваат како „Учесници“.
дм дрогерие маркт дооел Скопје, ул. Даме Груев бр.7, ЕДБ 4080012526359, ЕМБС: 6757685 („dm“) го задржува право да дисквалификува Учесници ако постојат оправдани причини, особено ако постои оправдан сомнеж за манипулација или кршење на условите за учество. Учеството е бесплатно и независно од купување на производи или нарачување услуги во dm.

III. Критериуми за учество
Учеството е можно само ако се исполнети следните критериуми:

  • Пријава на општествено одговорен ангажман е возможно онлајн од 1.2.2026 година, кога ќе им биде овозможено на вработените во dm да се пријават на платформата www.dm-idninakojaisnpirira.mk, додека другите физички лица ќе можат да го пријават личниот општествено одговорен ангажман од 2.3. до 14.08.2026 година.
  • Учеството е отворено за лични друштвени ангажмани на граѓаните кои придонесуваат за унапредување на актуелните општествени прашања и предизвици. Фокусот е на ангажмани кои:
  • ги унапредуваат меѓучовечките односи и допринесуваат за поголема општествена блискост; поддршка на луѓе на кои тоа им е потребно; поддршка на семејства кои имаат потреба за помош; грижа за бездомни животни; други активности преку кои континуирано се дава поддршка на заедницата и социјално загрозена група на сограѓани;
  • поттикнуваат развој и напредок, особено во областите на социјална еднаквост и рамноправност, интеграција и инклузија; образование
  • придонесуваат за заштита на животната средина во смисла на чистење, уредување зелени површини, чистење реки и речни корита, садење, пошумување, поставување корпи за отпадоци, рециклирање (upcycling) итн., ангажман за придонес во заштитата на климатските промени.​
  • Во согласност со наведеното, граѓаните можат да пријават општествено одговорен, волонтерски ангажман како што е:
  • грижа за соседите (по потреба) или деца на соседите (по потреба);
  • поминување време со граѓани од трето доба во домови и/или центри за згрижување на стари лица;
  • грижа за животни во центри за згрижување или локално згрижување на бездомни животни;
  • настава/инструктивни часови за деца кои имаат потреба за нови или дополнителни знаења или друг тип на образовна помош;
  • настава/инструктивни часови за возрасни особи кои имаат потреба за нови или дополнителни знаења или друг тип на образовна помош;
  • чистење на животната средина во организирани групи или поединечни проекти;
  • пошумување; одржување на зелена средина во околината;
  • друг вид волонтерски/доброволен ангажман во самостојна организација и/или здруженија, организации и институции.
  • Учеството се остварува со поднесување пријава преку пополнување на формулар и прикачување соодветна придружна фотографија и/или видеозапис на кои јасно е прикажана друштвена и/или еколошка ангажираност на Учесникот, како што е наведено во претходната точка. На доставените фотографии и/или видеозаписи може да биде прикажан исклучиво Учесникот. Трети лица не смеат да бидат видливи, а доколку сепак се во кадар, тие не смеат да бидат препознатливи, нивниот лик мора да биде соодветно замаглен или на друг начин анонимизиран.
  • Формуларот за пријава мора да биде пополнет целосно и доставен во горе наведениот рок.
  • Учеството, по интерна проверка, може да биде објавено во медиуми кои се погодни за целите на кампањата, особено на платформите dm-idninakojainspirira.mk и dm-zaedno.mk, како и во комуникациските материјали на dm во печатен, звучен, сликовен и/или видеоматеријал, односно во било каков онлајн/офлајн облик и канал на комуникација, во обем потребен за кампањата и во согласност со правилата за заштита на податоците.
  • Учеството е непристрасно и затоа не смее да биде поврзано со која било политичка партијa.
  • Пријава на општествено одговорен ангажман е дозволен доколку истиот се спроведува на територија на Република Северна Македонија.
  • Ангажманите на физичките лица–учесници мора да бидат лични ангажмани и да не вклучуваат ангажман на трети лица. За ангажманот не се добиваат подароци ниту други парични надоместоци од страна на dm или трети лица.
  • Можно е повеќе пријави од ист Учесник; пријавите мора да бидат независни едно од друго. За секое учество се пополнува посебен формулар за пријава.
Пријавите кои не се во согласност со наведените критериуми нема да бидат земени предвид ниту објавени.

IV. Поддршка за пријавите

Ангажманите на физичките лица не добиваат финансиска надокнада за учество, ниту добиваат какви било подароци или поттикнувања. Поддршка за Учесниците ќе се обезбеди преку објавување на нивниот ангажман на платформите dm-idninakojainspirira.mk и dm-zaedno.mk, како и во други комуникациски канали, со цел зголемување на видливоста на ангажманот на Учесникот.
Поднесувањето на пријава од страна на Учесникот не создава никаква друга обврска од страна на dm, ниту дава право на dm за управување со ангажманот на Учесникот.

V. Изјава за заштита на лични податоци

1.Образец за испраќање фотографии/видеозаписи од проектот/друштвената ангажираност на граѓаните

Со испраќање на фотографиите и/или видеозаписите што ја прикажува мојата друштвена ангажираност („Материјал“), се согласувам дека дм дрогерие маркт дооел Скопје, ул. Даме Груев бр.7, ЕДБ 4080012526359, ЕМБС: 6757685 („dm“) може да го користи и јавно да го прикажува Материјалот за реализација и промоција на кампањата „Иднината која инспирира“ особено на платформите dm-idninakojainspirira.mk и dm-zaedno.mk, како и во останатите канали на dm (печатени, звучни, сликовни и/или видео материјали, онлајн и или офлајн канали) во врска со кампањата во согласност со рокот на чување наведен во Напомената за заштита на податоците.
Со доставувањето на Материјалот, Учесникот потврдува и гарантира дека е овластен да го достави Материјалот и дека со неговото користење и објавување нема да се повредат права на трети лица (вклучувајќи авторски права, права на приватност и право на сопствен лик). На Материјалот може да биде прикажан исклучиво Учесникот; доколку трети лица сепак се најдат во кадар, тие не смеат да бидат препознатливи, туку нивниот лик треба да биде соодветно замаглен или на друг начин анонимизиран.
Во случај на повреда на авторски права, жиг, приватност или други лични или имотни права кои би се случиле во врска со ова учество, dm не сноси одговорност кон Учесникот и/или трети лица чии права биле повредени. Учесникот се обврзува да му надомести штета на dm која dm ќе ја претрпи поради таква повреда.
Учесникот може во кое било време да ја повлече согласноста за обработка и објавување на Материјалот во иднина и да побара отстранување од онлајн каналите испраќајќи барање на zlp@dm.mk. Повлекувањето на согласноста не влијае на легитимноста на обработката извршена пред повлекувањето. dm напоменува дека веќе отпечатените или емитуваните материјали не можат да бидат повлечени наназад поради технички причини.

2.Напомена за заштита на податоците

дм дрогерие маркт дооел Скопје, ул. Даме Груев бр.7, ЕДБ 4080012526359, ЕМБС: 6757685 („dm“, Раководител на платформата “) за потребите на преземање, проверка и управување со пријавата на Вашиот проект/ангажман, комуникација со Вас, како и за евентуална објава и поддршка на пријавата, ги обработува следниве податоци:

Физички лица:
  • Име и презиме*
  • Години
  • Адреса (улица, број, поштенски број, град)
  • Е-пошта*
  • Број на телефон
  • Назив на општествениот ангажман*
  • Опис на општествениот ангажман*
  • Слика/видео од ангажманот
  • Податоците означени со ѕвездичка се задолжителни и без нивно пополнување пријавата нема да може да биде разгледана ниту објавена.
  • dm го задржува правото пред објавата да изврши лекторирање на текстот и да отстрани/анонимизира податоци за трети лица или делови што не се во согласност со условите за учество (без промена на суштината на пријавата). dm може да скрати/анонимизира или да не објави пријава доколку таа содржи податоци за трети лица, малолетни лица, чувствителни податоци или содржина што не е во согласност со условите.
  • Вашите лични податоци по правило не се доставуваат на трети лица. Во рамки на техничкиот развој и одржување на платформата, нашите ИТ даватели на услуги имаат пристап до платформата dm-zaedno.mk (и податоците кои се чуваат на неа) и можат да имаат седиште во Австрија, вклучително и друштвото dm drogerie markt GmbH, FN 67493f, Günter-Bauer-Straße 1, A-5071 Wals (Австрија). Пристапот се остварува исклучиво за техничка поддршка, развој и одржување на платформата, со примена на договорни и техничко-организациски мерки за заштита.
  • Личните податоци (освен фотографии/видеа) ќе бидат чувани до завршувањето на учеството во кампањата, и потоа најмногу 2 години од тој датум за потребите на административно управување и известување.
  • Дополнително, податоците кои може да бидат релевантни за потенцијални правни побарувања или обврски (како што се барања за штета) ќе се чуваат најмногу до 5 години од завршување на кампањата.
  • По истекот на сите применливи периоди на чување, податоците ќе бидат анонимизирани или избришани, освен доколку посебни законски прописи не налагаат поинакво чување.
  • Фотографијата/видеозаписот (Материјалот) ќе се чува за промотивни цели до завршувањето на учеството во кампањата, и потоа најмногу 3 години од тој датум. Имате право да ја повлечете согласноста за обработка и објавување на Материјалот во иднина и да побарате отстранување од онлајн каналите испраќајќи барање на zlp@dm.mk. По истекот на овој рок на чување или по повлекување на согласноста, Материалот ќе биде избришан или анонимизиран од сите наши активни промотивни канали.
  • Правната основа за обработка на податоците во рамки на пријавата на проект/ангажман претставува чл. 10 став 1 алинеја 2 од Законот за заштита на лични податоци („Сл. Весник на Република Северна Македонија бр.42/2020) („Закон“), договор склучен помеѓу Вас и dm со прифаќањето на овие услови и поднесувањето на пријавата. Правната основа за обработка на фотографијата/видеозаписот претставува Вашата доброволно дадена изречна согласност согласно чл. 10 став 1 алинеја 1 од Законот. Вашата изречна согласност можете да ја повлечете во кое било време преку е-пошта на zlp@dm.mk. Повлекувањето на согласноста не влијае на дозволеноста на обработката извршена врз основа на согласноста пред повлекувањето.
  • Подетални информации за заштитата на податоците, особено за Вашите права во согласност со Законот, се достапни во нашата изјава за заштита на податоците и во нашата политика за заштита на лични податоци.

VI. Одговорности и гаранции

  • Учесниците се должни да ги почитуваат сите важечки законски прописи, како и одлуките и налозите на надлежните органи, и ја сносат целата одговорност за своето учество. dm не е должен да ја проверува правната дозволеност на учество на Учесникот.
  • Учесниците ги прифаќаат правата и обврските утврдени со овие правила и должни се да се придржуваат до истите; во случај на непочитување ќе се сметаат за единствено одговорни и ќе бидат дисквалификувани во понатамошниот процес.
  • dm не сноси одговорност за недостатоци во податоците на Учесникот, недостатоци во пријавите, ниту за недостатоци што може да произлезат од причини што не зависат од dm.
  • Учесникот гарантира дека е единствен сопственик на правата на фотографиите/видеозаписите што ги објавува во текот на ова учество и дека со нивното објавување не се повредуваат права на трети лица; во спротивно, dm не сноси никаква одговорност кон тој Учесник и/или трети лица чија права биле повредени. Учесникот ќе му ја надомести на dm штета што dm ќе ја претрпи поради повреда на авторски права, жиг, приватност или друга повреда на лични или имотни права направена во врска со ова учество.
  • Сите услуги се извршуваат без надомест. dm поради тоа не презема одговорност за услугите што ги извршува.

VII. Завршни одредби

Се договара исклучива применa на македонското право и исклучива надлежност на надлежниот суд во Скопје.
Доколку поединечни одредби од овие Услови за учество бидат поништени или неважечки или тоа подоцна станат, тоа нема да влијае на валидноста и примената на преостанатите одредби. На место на такви одредби се применува соодветна одредба која по својата цел и правен смисол најмногу одговара на намерите на неважечката одредба.

VIII. Дополнителни информации

Сите прашања поврзани со пријавувањето на личните општествено одговорни ангажмани и нивната објава на платформата www.idninakojainspirira.mk може да ги доставите на Е- маил адресата zaedno@dm.mk.