иднина која инспирира
ИЗЈАВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
И СОГЛАСНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ МЕДИУМИ
Ние, ДМ ДРОГЕРИЕ МАРКТ ДООЕЛ Скопје, со адреса на ул. Даме Груев бр. 7, 1000 Скопје („
dm“) сме сериозно посветени на заштитата на Вашите лични податоци и транспарентноста во нивната обработка. Со оваа изјава, Ви ги објаснуваме начините на кои dm ги собира, користи и обработува Вашите лични податоци и медиумски содржини (фотографии и видеа) кои произлегуваат од Вашето учество на нашите општествени проекти и ангажмани коишто се прикачени на оваа платформа.
1.СОГЛАСНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ФОТОГРАФИИ И ВИДЕА ОД ПРОЕКТИ И АНГАЖМАНИ на dm
Со прикачување на фотографија или видео од вашиот проект или ангажман на платформата „Иднина која инспирира“, Вие давате
целосна, доброволна и недвосмислена согласност за јавно прикажување, промовирање и користење на доставениот проект/ангажман и поврзаните медиуми (фотографии/видеа). Оваа согласност се однесува на следните аспекти:
- Вие ги пренесувате сите права за користење на прикачената фотографија/видео од проектот/ангажманот, исклучиво и бесплатно, на dm како и на нејзините поврзани компании кои се дел од групацијата на dm.
- Преносот на правата за користење важи за сите начини на користење, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: обработка, преработка, копирање, дистрибуција, дигитализација, изложба, прикажување, емитување, јавно објавување и репродукција преку визуелни, аудио и документарни медиуми.
- Фотографијата/видеото може да се користи дигитално и аналогно во сите соодветни медиуми, вклучително и неограничено на: онлајн платформи од секаков тип (особено на платформата „Иднина која инспирира“), социјални медиуми, печатени изданија, телевизија, радио, онлајн банери, видеограми (CD, DVD итн.), интерактивна и мултимедијална употреба. Медиумите може да бидат зачувани во бази на податоци, вклучувајќи и онлајн пристап.
- Фотографиите и видеата ќе се користат за промотивни цели на платформата „Иднина која инспирира“ и на маркетинг каналите на ДМ, со цел да се инспирираат други поединци и организации. во согласност со дефинираниот рок на чување наведен во точка 3.3 од оваа Изјава. Описите на пријавените и избраните ангажмани и проекти може да бидат достапни и промовирани на платформата и другите канали, додека поврзаните фотографии и видеа, кои содржат лични податоци, ќе бидат чувани во согласност со периодот наведен во точка 3.3 од оваа Изјава.
- Поднесувањето на проект/ангажман е независно од давањето на оваа изречена согласност за користење на медиуми.
2. ПРАВО НА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ДАДЕНА СОГЛАСНОСТ
Имате право во секое време да ја повлечете Вашата изречно дадена согласност за користење на фотографии и видеа, со испраќање на e-маил на следната адреса:
zlp@dm.mk. Повлекувањето на согласноста нема да влијае на законитоста на обработката која е извршена до моментот на повлекување.
3. ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ
Вие сте известени дека ДМ ДРОГЕРИЕ МАРКТ ДООЕЛ („dm“) ги обработува следниве податоци поради прифаќање, проверка и администрирање на вашето поднесување на проект/ангажман, комуникација со вас и, по потреба, објавување и поддршка на проектот/ангажманот на платформата „Иднина која инспирира“:
- За правни лицa: назив на лице и правна форма (организацијата), адреса (улица, поштенски број и град), е-маил адреса, телефонски број, име на одговорни лица за проектот/учесници, како и фотографии и видеа од ангажманот.
- За физички лица: име и презиме, возраст, адреса (улица, поштенски број и град), е-маил адреса, телефонски број, како и фотографии и видеа од ангажманот.
Сите наведени податоци, со исклучок на фотографии и видеа од ангажманот се задолжителни со цел да може да се поднесе проектот/ангажманот.
3.2. Пристап до податоци и пренос на трети страни
Вашите лични податоци по правило не се доставуваат на трети лица. Во рамки на техничкиот развој и одржување на платформата, нашите ИТ даватели на услуги
имаат пристап до платформата dm-zaedno.mk (и податоците кои се чуваат на неа) и можат да имаат седиште во Австрија, вклучително и друштвото dm drogerie markt GmbH, FN 67493f, Günter-Bauer-Straße 1, A-5071 Wals (Австрија). Пристапот се остварува исклучиво за техничка поддршка, развој и одржување на платформата, со примена на договорни и техничко-организациски мерки за заштита.
3.3. Рок на чување на податоци:
- Личните податоци (освен фотографии/видеа) ќе бидат чувани до завршувањето на учеството во кампањата „Иднина која инспирира“. По завршувањето на кампањата, податоците ќе се чуваат најмногу 2 години од тој датум за потребите на административно управување и известување.
- Дополнително, специфични податоци кои може да бидат релевантни за потенцијални правни побарувања или обврски (на пр. во врска со барања за штета, за кои рокот за застареност изнесува 5 години), ќе бидат чувани не подолго од 5 години од завршување на кампањата.
- По истекот на овие периоди, податоците ќе бидат анонимизирани или избришани, освен доколку посебни законски прописи не налагаат поинакво чување.
- Фотографиите и видеата од проектот/ангажманот, кои содржат лични податоци, ќе се чуваат и користат за промотивни цели до завршувањето на учеството во кампањата „Иднина која инспирира“, и потоа најмногу 3 години од тој датум, или додека не ја повлечете Вашата согласност, во зависност од тоа што ќе настапи порано
4. ПРАВЕН ОСНОВ ЗА ОБРАБОТКА
- За личните податоци поврзани со поднесувањето на проект/ангажман (освен фотографии/видеа): Правен основ за обработка е извршување на договор склучен помеѓу вас и dm , согласно член 10 став 1 алинеја 2 од Законот за заштита на лични податоци.
- За фотографиите/видеата од проектот/ангажманот: Правен основ за обработка е Вашата изречно дадена согласност, согласно член 10 став 1 алинеја 1 од Законот за заштита на лични податоци.
5. ПОТВРДА НА СОГЛАСНОСТ
Со цел пријавување и учество на платформата „Иднина која инспирира“, доброволно изјавувам дека:
☐ Се согласувам dm да ги собира и обработува моите лични податоци, како што е детално опишано во точка 3.
☐ Давам согласност за користење и јавно прикажување на фотографиите/видеата од мојот проект/ангажман, како што е опишано во точка 1, за промотивни цели на платформата „Иднина која инспирира“ и маркетинг каналите на dm .
☐ Ја прочитав и прифаќам Изјавата за заштита на лични податоци и согласност за користење медиуми.